Групата ЕПТЕН промовира нов музички спот за „Мила“

Младиот алтернативен бенд од Куманово ЕП10 (Ептен) го промовира својот нов видео запис за песната ,,Мила“. Промоцијата ќе се одржи во среда (25 декември) во ноќниот клуб Тунел во Куманово, а со почеток во 21 часот. Покрај видео премиерата, од бендот најавија и целовечерен концерт каде што специјален гостин ќе биде Бени Шаќири.

Групата ЕПТЕН промовира нов музички спот за „Мила“

Новиот спот е во продукција на Мелем Продукција, режија и монтажа на Огнен Шапковски, камера- Кристијан Тодоров, а снимен е на неколку локации во Куманово и Скопје.

ЕПТЕН (вообичаено се потпишуваат со кратенката EП10) е млад рок состав од Куманово. Нивниот прв настап во живо во 2010 година во култниот загребски клуб Сакс беше забележан од страна на Рејхан Окановиќ, хрватски композитор, продуцент и гитарист. Подоцна тој го продуцира нивниот деби албум Доста е (објавен јуни 2013), снимен во студиото Пропаганда во Загреб.

Групата ЕПТЕН промовира нов музички спот за „Мила“

Поголемиот дел од песните на албумот се напишани од страна на членовите на бендот, а останатите се на Кирчо Арсовски (ТБ Трачери), Дарко Даутовиќ (хрвастки радио водител, композитор и гитарист) и Рејхан Окановиќ . Во песната ,,Ти ми зеде сè ” гостин изведувач е Бени од Нон Стоп, а песната Мила е дел од соундтракот на црногорскиот кандидат за Oскар, филмот Ас Пик- Лоша судбина.