Grumpy Cat ќе добие восочна фигура во Мадам Тисо

За првпат во историјата, Grumpy Cat, мачката која стана омилен лик на интернет ќе добие свое место во Музејот Мадам Тисо.

Восочната фигура на оваа мачка ќе биде помогната со малку роботика што ќе овозможи фигурата да се движи на пет различни начини.

Вистинската мачка ќе биде присутна на претставувањето на фигурата кон крајот на оваа година во Сан Франциско. Откако ќе биде изложена во музејот во Сан Франциско, нејзината фигура ќе ги посети останатите пет локации на Мадам Тисо низ САД.

Извор