Гринпис постави огромен банер пред Белата куќа на кој пишува „Отпор“

Активисти на еколошката организација „Гринпис“ се искачија на конструкциски кран пред Белата куќа каде поставија огромен портокалов банер на кој пишува „Отпор“.

„Нема ништо толку иритирачки за него од тоа да знае дека тој не е популарен и ние не го сакаме“, изјави активистката на „Гринпис“, Карен Топакин.

Полицијата затворила три градски блока и морале да чекаат активистите да се симнат за да ги уапсат.

Тие го откриле банерот во девет часот наутро и останал се до пладне, по што бил тргнат.

Џон Еванс, 46, кој работи на местото каде е поставен кранот, рече дека активистите очигледно се искусни искачувачи.

Акцијата доаѓа ден откако Трамп потпиша наредба со која повторно ќе започне изградбата на два нафтоводи во Дакота, по неколку месеци протестирање бидејќи цевките би поминувале низ местото од каде индијанско племе црпи вода.

Исто така, администрацијата на Трамп ја одложи имплементацијата на најмалку 30 регулативи за животната средина.