„Гринпис“ обвини британски пратеник за напад врз нивна активистка

„Гринпис“ го обвини пратеникот Марк Филд за напад, откако тој исфрли активистка од настан во Лондон.

Пратеникот тврди дека реагирал „инстинктивно“, а исто така и се извинил на жената за „зграпчувањето“, но изјавил дека бил загрижен за можноста таа да е вооружена. Некои луѓе сепак го оправдаа ваквиот чин, иако ваквата активност на пратеникот наиде на бројни критики.

Инцидентот кој исто така бил снимен од телевизиските екипи, се случил во средата кога демонстранти против климатските промени го опструираа говорот на канцеларот Филип Хамонд. Десетици активисти, облечени во црвени фустани упаднаа на свечената вечера и одбија да ја напуштат.

Видео снимките покажуваат како Филд станува од своето столче и ја сопира активистката, туркајќи ја и изнесувајќи ја надвор од настанот.

„Отидовме на настанот, јасно нагласувајќи кои сме, таму бевме да истакнеме многу важна поента – дека се наоѓаме во опасност од климатските промени – во просторија на луѓе кои всушност можат да донесат многу поголеми одлуки.“, вели Ареба Хамид од „Гринпис“ која води кампања за климатските промени за „Би-Би-Си“.

Додава дека активистката била шокирана, но дека се опоравува и смирува по огромната поддршка на интернет, активистката е обучена и искусна за ненасилни директни акции, тие биле подготвени да со соочат со правните последици од нивните акции, но додава дека „она за што не се пријавиле е физичкиот напад“.