Преку настанот iFail (Јас Грешам), јавноста ќе може да чуе за грешките и неуспесите на успешните луѓе, кој по трет пат се одржува утре, 26 април, во 19 часот, во просториите на Европскиот Универзитет, во организација на Скопскиот Хаб на Глобал Шејперс – иницијатива на Светскиот економски форум.
Ракометарката Индира Кастратовиќ, Петар Ниновски, ко-основач на „Brainster“, Антоанета Иванова, ко-основач на европска младинска платформа, Mladiinfo и Зоран Витанов, ко-сопственик на Trade Consulting се говорниците кои ќе ги споделат лекциите кои ги научиле од нивните неуспеси, дел од животот на секој успешен човек кои се најчесто невидливи за останатите.
Идејата за настанот потекнува од Мексико Сити во 2012 година каде пет претприемачи биле заситени да слушаат и зборуваат за своите успеси и одлучиле да ги споделат своите грешки (т.н. Fuck ups). Денес, т.н. FuckUpNights се одржува секој месец низ повеќе од 100 градови и на секој континент од светот, освен Антартик.
Настанот е јавен и бесплатен. Нема купување на карти/регистрација.
Повеќе информации за настанот се достапни на следниот линк:
Скопскиот хаб на Global Shapers е дел од глобалниот Global Shapers – младинска локалнa иницијатива на Светскиот економски форум која поттикнува и презема иницијативи за општествена одговорност и промена во заедниците и овозможува видливост на исклучителни постигнувања и на успешни личности од земјата и светот. Скопскиот хаб на Global Shapers е дел од мрежа на 454 хабови во целиот свет.
Во хабовите членуваат избрани млади и успешни луѓе, од најразлични профили, кои имаат заедничка желба волонтерски да придонесат кон развојот на нивните заедници.