ГРЕКО: Нема видлив напредок во спречувањето на корупцијата кај македонските пратеници, судии и обвинители

ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа, во својот најнов извештај за Македонија, во кој се анализира превенцијата на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите, оценува дека “нема видлив напредок“ во оваа област.

Телото смета дека резултатите во Македонија се “очигледно разочарувачки“ и ги повикува властите да преземат конкретни мерки во однос на препораките дадени пред четири и пол години.

Само шест од деветнаесет препораки се имплементирани, вели Советот на Европа.

„Во однос на пратениците ниедна од препораките не е имплементирани ниту делумно, освен кодексот за пратениците. Што се однесува во судиите и обвинителите, извештајот констатира дека земјата направила ограничен напредок“, се наведува во соопштението

ГРЕКО го истакнува усвојувањето на амандманите за законот за Судскиот Совет. Телото ги посочува и контроверзните поврзани за Државната Комисија за спречување на корупцијата и недостатокот на напредок во изјавите за имоти и интереси.

„ГРЕКО заклучува дека ниското ниво на усогласеност со препораките е “глобално незадоволително“ и бара од шефот на делегацијата за Македонија да презентира нов извештај за напредокот во имплементацијата на препораките што е можно побрзо, најдоцна до 30 јуни 2019“, стои во соопштението.