Грегори Потер и раперот Комон се здружија за песната „Running“, посветена на бегалците

Раперот Комон се здружи со познатиот пејач Грегори Потер за новата песна посветена на Светскиот ден на бегалците, 20 јуни. Насловена како „Бегајќи“ песната поддржува бројни хумантирани организации кои им помагаат на бегалците.

„Оваа трагедија влијае на сите нас“, вели Потер.

„Јас сум благодарен што ќе го позајмам гласот за овие храбри преживувачи. Се надевам дека сите ќе ја преземат песната за да ги собериме парите кои очајно ни требаат за да им помогнеме на овие фамилии, и да им покажеме дека ние имаме љубов за нив“, додава тој.