Грда скулптура на Нефертити ги разлути Египќаните, властите веднаш ја тргнаa

Статуа која потсетува на познатата биста на античката египетска кралица Нефертити беше исмеана од голем број луѓе поради непрецизноста со која е направена и грдиот изглед.

Статуата набрзо стана мета на интернет корисниците кои не останаа рамнодушни.

Фотографии од статуата го преплавија Египет на кои луѓето ја споредуваат со чудовиштето на Франкенштајн, локални политичари, па дури и Муамер Гадафи.

Огромната статуа на кралицата Нефертити, која заедно со нејзиниот сопруг фараонот Акенатен владееја пред повеќе од 3 000 години, беше поставена на автопат кој води кон градот Самалут. Статуата е направена според бистата која денес е изложена во Новиот музеј во Берлин. Меѓутоа, поради огромниот број реакции кои пристигнаа за статуата, градските власти соопштија дека е тргната, а ќе биде заменета со статуа на гулаб кој ќе симболизира мир.