Грција во 2022 ќе испрати роботско возило на Месечината

Грчката вселенска агенција и НАСА потпишаа договор за испраќање на роботско возило на Месечината кое ќе има улога да собира податоци од терен што подоцна грчките научници ќе може да ги користат во своите истражувања.

„Грција на Месечината“ (Hellas to the Moon) е акцијата која треба да се реализира во 2022 година, потврди Министерството за дигитална политика и телекомуникации на Грција.

Со испраќањето на роботското возило, Грција влегува во во категоријата на мал број земји кои имаат стапнато на површината на Месечината со нејзино возило.