Грција е последната европска држава што ја легализира марихуаната за медицински цели.
Премиерот Алексис Ципрас соопшти минатата недела дека докторите ќе може да ја препишуваат за разни медицински состојби.
Канабисот нормално се препишува за состојби како грчеви во мускулите, хронична болка, пост-трауматски стрес, епилепсија и рак.
„Отсега, државата врти нова страница, Грција сега е дел од државите каде снабдувањето на пациентите со медицински канабис е легално“, рече Ципрас.
Грција е шестата европска држава што ја легизира медицинската марихуана по Чешка, Финска, Холандија, Португалија и Шпанија.
Детали околу тоа како медицинскиот канабис ќе се одледува и ќе се дистрибуира треба да појасни левичарската партија на Ципрас.
Премиерот соопшти дека канабисот ќе биде ставен во иста категорија на лекови како што се и метадонот и опиумот, со одобрени медицински вредности.
Новиот закон се очекува да ја поттикне економијата, бидејќи дозволува легална индустрија со марихуана.
Грција наскоро ќе може да увезува лекови на база на канабис.
Сепак, се уште не се знае дали државата ќе оди на целосна легализација, за рекреативна употреба, придружувајќи и се на Португалија, единствената европска држава во која тоа е дозволено.