Грчката полиција употреби солзавец против студентите кои протестираа во Атина

Полицијата во Грција се собра пред зградите на атинскиот Правен факултет и Факултетот за економија со цел да ги спречат студентите да ги окупираат овие образовни институции во пресрет на комеморацијата за атинското политехничко востание од 17 ноември 1973 година и Mеѓународниот ден на студентите.

Вечерта, во 22 часот, четири полициски комбиња и седум групи на посебна полициска единица се собраа пред Правниот факултет и универзитетот во Атина. Полицијата била повикана од деканите на факултетите по објавената одлука на студентите да ги окупираат овие образовни институции.

Грчката полиција употреби солзавец против студентите кои протестираа во Атина

Полицијата употреби солзавец за да растера 40 студенти кои се обидоа да влезат на Правниот факултет во Атина. Зградата останува затворена како мерки за претпазливост пред годишнината. Студентите го затвориле сообраќајот во Солун и главните улици во Атина.

Грчката полиција употреби солзавец против студентите кои протестираа во Атина

Претходно, повеќе од 1500 средношколци и своите професори, пред една недела протестираа пред универзитетот Пропилеа во Атина против новите реформи во образованието. Студентските протести беа продолжение на овие протести.

Извор: protothema.gr