Во склоп на Проектот за младинско изразување ,„Youth Expression Project“ финансиран од Европската унија кој се спроведува од Младински образовен форум во соработка со Младински сојуз Крушево и Центарот за балканска соработка – Љоја, се отвора повик за доделување на грантови.
Целта на проектот е да се придонесе кон тоа младите да станат лидери во промоција на слободата на изразување, човековите права и интеграција и двигатели на промена за слободно и општествено одговорно инклузивно општество. Во рамки на проектот ќе бидат отворени повици за поддршка на проекти за два циклуси на регрантирање на граѓански организации кои делуваат како промотери на слободата на изразување во локалните заедници.
Повикот цели да ги оствари следните резултати:
Повикот за регрантирање цели да се создаде простор за позиционирање на младите преку тоа што ќе се подобри нивото на учество и вклучување, користењето на правата и слободите на младите и ангажираноста и влијанието на политиките на локално и национално ниво.
Преку финансирањето на граѓанските организации Проектот цели да ги оствари следните резултати:
- Организациите да креираат силни процеси за застапување и да изградат механизми за соработка со институциите и засегнатите страни;
- Активностите на граѓанските организации да се имплементираат на начин што ќе го зајакне младинското позиционирање и видливоста на младите и младинското учество;
- Активностите на граѓанските организации во процесот на ре-грантирање да го подобрат нивниот организациски развој и опсег;
- Застапувањето на граѓанските организации да биде врз основа на докази, односно преку методите на истражување, анализа и набљудување;
- Унапредени модели на младинско учество, организирање и вклучување во процеси на носење одлуки;
Зголемено разбирање за основните права, зголемена инклузија на младите и имплементирање на успешни практики.
Вкупниот износ на средствата за финансирање на граѓански организации предвидени за овој повик изнесува 30.000 евра. Буџетите во рамки на предлог проектите доставени на овој повик треба да изнесуваат минимум 1.000 евра, а максимум 7.500 евра. Буџетот на повеќето грантови се очекува да изнесува околу 5.000 евра.
Активностите во предлог-проектите доставени на овој повик за доделување на грантови треба да траат од 6 (шест) до 9 (девет) месеци.
Рокот за поднесување на проектните апликации е 30-ти ноември, до 17:00 часот. Апликациите поднесени на овој повик потребно е да ги содржат компјутерски и уредно пополнети документите наведени во листата на потребни документи, а се доставуваат во електронска форма на адресата yep@mof.org.mk. Апликациите кои ќе пристигнат по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Листа на потребни документи за целосна апликација
Граѓанските организации потребно е да ги поднесат нивните апликации преку користење на формуларот за аплицирање, кој ги вклучува следните составни делови:
- Формулар за аплицирање (линк);
- Скенирана копија на последната страница од формуларот за аплицирање (со печат и потпис);
- Формулар за буџет (линк);
- Копија од тековна состојба, не постара од 6 месеци од денот на поднесување на апликацијата;
- Наративен и финансиски извештај за работата на организацијата 2017 или линкови до истите;
- Работни биографии (CV) на проектниот тим;
- Копија од ревизиски извештај за 2017 година (опционо).
Дополнителни информации
За дополнителни информации кои се однесуваат на поднесувањето на предлог-апликациите може да се обратите на yep@mof.org.mk со назнака [Инфо] Повик за регрантирање, најдоцна до 23-ти ноември 2018 за да може да добиете одговори на време, пред истекот на крајниот рок. Од страна на Проектот ќе биде организирана и информативна сесија за заинтересираните апликанти на 21-ви ноември 2018 (среда) во ЕУ Инфо центарот со почеток во 11:00 часот. Повеќе детали за типовите на активности, подобните трошоци, критериумите за одлучување и начинот на аплицирање можете да најдете во документот „Повик за регрантирање“ и „Упатство за буџетирање“.