Граѓански форум на Општина Центар

Центарот на заедницата, во соработка со општина Центар, организира граѓански форум кој за прв пат ќе се одржи во оваа општина. Форумот ќе се одржува два дена, во четврток, на 29 октомври и 5 ноември, со почеток од 18:00 часот, во хотел Холидеј Ин. Регистрацијата на учесници започнува половина час порано.

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат планираните проекти од предлог-акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации и од истите да предложат приоритетни проекти кои ќе ги имплементира општина Центар во периодот 2015 – 2016 година.

Граѓанските форуми во општина Центар ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, во рамките на концептот Општина по мерка на граѓаните.