Граѓанската иницијатива „Сакам да останам” распишува награден конкурс за средношколци

Иницијативата #СакамДаОстанам заедно со неколку компании од приватниот сектор распишува награден конкурс за средношколски есеј.

Право на учество имаат сите македонски средношколци во учебната 2019/2020 година кои треба да напишат есеј за тоа зошто сакаат да останат во Македонија. Есејот не треба да има повеќе од 700 зборови, треба да е напишан во „Word“ и испратен најдоцна од 31 октомври, 2019 година. Есеите се испраќаат на мејлот sakamdaostanam@gmail.com .

Најдобрите три есеи ќе добијат лаптоп!

Наградените есеи може да бидат објавени, па средношколците треба да испратат име и презиме, школо, адреса, телефонски број и име на менторот, доколку има.

Дополнителни детали може да се побараат и најдат и на Фејсбук, Инстаграм и Твитер на иницијативата  #СакамДаОстанам.