Граѓанска коалиција од Тунис е добитник на Нобеловата награда за мир

Kоалицијата на четири граѓански организации од Тунис е добитник на годинешната Нобелова награда за мир.

Каси Кулман Фиве, која од неодамна е претседателка на Норвешката нобелова заедница, изјави дека коалицијата создала мирен политички процес во 2013 година, кога државата беше на работ на граѓанска војна и се залагаше за основните права на населението.

Нобеловата награда за мир е единствената Нобелова награда која беше соопштена во Осло. Петчлениот комитет претходно не даде никакви индикации за тоа кој би можел да биде добитникот од 273 кандидати, 205 лица и 68 организации.

Генералниот секретар на една од организациите членки, Хоусин Абаси изјави дека е пријатно изненаден од наградата.

„Тоа е награда која го кринисува напорот кој коалицијата го вложуваше повеќе од две години, кога државата беше во опасност на повеќе фронтови“, изјави Абаси.

Арапската пролет започна во Тунис со протестите кои ја соборија владата на долгогодишниот диктатор Зине ал-Абидине Бен Али во јануари 2011 година, но земјата западна во криза наредните години.

Нобеловиот комитет рече туниските организации направиле „одлучувачки придонес за изградба на плуралистичка демократија во Тунис” во време на политички атентати и социјални немири.

„Оваа коалиција го отвори патот за мирен дијалог помеѓу граѓаните, политичките партии и властите и помогна да се најде консензус“.

Пред да биде прогласен добитникот, во потесната листа се најдоа германската канцеларка, Ангела Меркел, за ветувањето дека ќе ја задржи границите на нејзината земја отворена за стотици илјади бегалци, папата Франциско и американскиот државен секретар, Џон Кери и неговиот ирански колега Џавад Зариф за постигнатиот договор за нуклеарната програма на Иран.