Граѓаните во Ниш со видеоигра се борат против високите цени на парното греење

Околу 600 жители на вториот по големина град во Србија, Ниш, од почетокот на годината побарале да се исклучат од мрежата за парно греење во градот, поради превисоките цени на оваа услуга. Но, градските власти и менаџментот на државната топлана не им дозволуваат на поединечни корисници да се исклучуваат од мрежата за парно греење, дури и кога тие немаат пари да ги плаќаат сметките.

Ова предизвика различни форми на граѓански отпор во градот, од протести и петиции, до помалку стандардни изблици на активизам. Последниот, оригинален начин да се искаже граѓанското незадоволство од оваа неправда е специјалната видеоигра која ја направи програмерот Драган Илиќ. Во играта, наречена „Граѓански бунт“, корисниците ги вадат радијаторите гаѓајќи помош на чекан, а на крајот ги чека изненадување.

Граѓаните во Ниш со видеоигра се борат против високите цени на парното греење

 

„Поентата на играта е власта да сфати дека не само цената на греењето, туку у сите такси и даноци кои неоправдано се зголемија во последните месеци мора да ‘паднат’. Идејата за играта дојде наеднаш и заедно со колегите ја направивме за едно попладне. Ќе има и продолжение“, вели авторот Илиќ.

Претставници на здруженијата на станари во Ниш побараа од градските власти цената на греењето веднаш да се врати на нивото од пред поскапувањето, а топланата да им дозволи на сите граѓани кои сакаат да се исклучат од мрежата, тоа да го направат без трошоци.