Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436,  или на helkom@mhc.org.mk, за време на гласањето на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Денеска започна гласањето на лица кои се болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре гласаат болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старски домови и внатрешно раселени лица.  Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде отворена и во среда, 15 јули 2020, од 07 до 21 часот.

„Исто така, апелираме до граѓаните, при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, за да го заштитат своето и јавното здравје“, порачуваат од Хелсиншки комитет за човекови права.

За пријавување нерегуларности при изборниот процес исто така останува отворена и бесплатната телефонска линија на народниот правобранител на бројот 0800 54321.

Оваа телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик или снимената порака.