Граѓаните можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку веб-страницата на Државната изборна комисија и во нивните подрачни канцеларии.

Од ДИК ги предупредуваат граѓаните дека доколку немаат важечки лични документи, нема да може да гласаат.

Во моментот во Избирачкиот список се запишани 1.817.028 граѓани.

Од денеска почнува и рокот за собирање потписи за предлагање кандидати за пратеници. Група граѓани кои сакаат да соберат илјада потписи може да поднесат своја кандидатска листа во подрачните канцеларии на Комисијата, а од оваа година и пред овластен нотар.