Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право кај Народниот правобранител

Во текот изборниот ден, граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право во седумте канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, информираа од кабинетот на Народниот правобранител.

„Народниот правобранител потенцира, дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право. Поради тоа, повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела“, рекоа од кабинетот на Народниот правобранител.

Граѓаните, повредата на избирачкото право можат да ја пријават или во канцелариите или на бесплатната телефонска линија 0800-54321.