Граѓани со иницијатива за укинување на забраната за превоз на велосипеди во воз

Здружението „Велес Бајкинг“ покрена иницијатива со која бара да се укине забраната за превоз на велосипеди во воз. За нив нелогична е ваква мерка, ако општеството се залага за здрава животна средина.

„Неколку години наназад е воведена забраната за транспорт на велосипеди со воз. За разлика од современите европски и светски општества во кои толку силно се огледуваме и се стремиме кон нив, во практичниот живот целосно одиме во спротивен правец. Во Хрватска, на пример, се субвенционира возната карта ако со себе имаш велосипед ( значи имаш помал износ за 10 или 20%). Во Македонија треба да се молиш да дојде „Шпанецот“ па ако веќе дојде, а сте група од 7 или повеќе велосипедисти, треба само 5-мина да се качат ( останатите не смеат) и дополнително да платат 190 денари за велосипедска карта. Наша иницијатива е слободен транспорт на велосипеди, редовна патничка карта за корисникот и симболичен надомест за велосипедот ( 50-60 денари)“, стои во иницијативата.