Граѓани излегуваат на протести незадоволни од изборот на Трамп

Стотици луѓе, од повеќе американски градови, почнаа да излегуваат на протести против изборот на Доналд Трамп за претседател, според информации од социјалните мрежи.

На Универзитетот Калифорнија веќе неколку стотици студенти се собрани во знак на незадоволство, а бројот продолжува да се зголемува.

Собири и маршеви на граѓани се регистрирани и по улиците во Њујорк, Лос Анџелес и Портланд.