Граѓани го блокираа Савски насип во Белград – бараат да се ослободи просторот од узурпаторите  

Околу петнаесеттина граѓани и велосипедисти вчера се собраа и на еден час го блокираа, како што велат, нелегалниот сообраќај на Савскиот насип во Белград.

Повикаа и останатите граѓани да им се придружат. Да организираат блокади во текот на цело цело, со што би ги натерале надлежните да ги спроведуваат законите.

„Вчера спонтано се собравме петнаесеттина луѓе и се прошетавме по Савскиот насип. На снимката, јасно се гледа колку се дрски узурпаторите на обалата. Додека се шетавме ни’ упатуваа закани. Поединци  не’ повикуваа да се пресметаме физички. Ги игнориравме заканите и продолживме да се шетаме. Повикавме полиција, но тогаш сопственикот на колата сврте и продолжи по друг пат…“

„Не сакаме да се тргаме од пешачката патека на узурпаторите на обалата, туку да се шетаме – кога и колку сакаме. Доколку некој ве малтретира на Савскиот насип додека шетате, трчате, возите велосипед, ролери… повикајте полиција и пријавете. Задолжително снимајте со мобилен телефон бидејќи узурпаторите, како и досега, ќе пробараат да изнесат лажи, за да го прикријат својот лоповлук“, објавија од граѓанската иницијатива заедно со видеото.

Инаку, оваа иницијатива и претходно имаше свои акции за ослободување на насипот и излегуваше со транспаренти како „Насипот не е автопат“ или „Стоп за узурпирање на насипот“.