Граѓанска петиција за укинување на „ангажираната моќност“ во сметките за струја

Организацијата за демократска реакција и асоцијација на здруженија – ОДРАЗ и граѓанската иницијатива АМАН , покренаа петиција за укинување на обврската на граѓаните да плаќаат 33% поголеми сметки за струја на име „ангажирана моќност“ на потрошената електрична енергија.

„Граѓаните на Република Макеодонија веќе не можат да ги премолчат кражбите што им ги прави  приватната компанија ЕВН, компанија која за 33% не краде  на секоја сметка. Овој народ веќе не може да ги поднесе преголемите додадени давачки во сметките за електрична енергија. Зошто да плаќаме нешто што не го трошиме? Зошто дозволувате некој да ги краде граѓаните?#, се вели во текстот на петицијата, која до денеска (7 мај) ја потпишале 352 граѓани.