Граѓаните на протест против предлог-законот за прекин на бременоста

Граѓаните на протест против предлог-законот за прекин на бременостаНе за Предлог-законот за прекин на бременоста! Вака гласи мотото на протестот кој граѓанските организации го најавуваат за денеска (среда) во 11 часот пред Собранието на Р. Македонија.

За помалку од еден час, веќе стотина граѓани го потврдиле своето присуство на настанот на социјалната мрежа Фејсбук.

Најавите за протест доаѓаат откако медиумите објавија дека Владата му достави на Собранието предлог-закон за прекин на бременост и истиот најверојатно ќе биде донесен по скратена постапка. Доколку предлогот биде усвоен, прекин на бременоста нема да може да се изврши ако од прекинување на претходната бременост не поминала една година.