Граѓаните ќе учат за локалното производство и здравата храна

Следниве три дена, граѓанската организација Зелената Арка – Скопје го организира настанот насловен „Заразмена“ , на кој сите заинтересирани граѓани ќе може да се информираат за градинарството и здравата храна.

slika

Почетокот е закажан за вторник ( 26 февруари), во 18 часот, а дискусиите и предавањата ќе продолжат до четврток во фоајето на кино Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје.

Главен фокус на настанот е да ги поттикне граѓаните да се организираат во локални групи за поддршка на градинарството и да се информираат за потребата за зачувување и слободно расејување на семињата од старите прехранбени сорти.

Како што најавуваат организаторите настанот може да го посети секој кој сака да даде идеја како да се дејствува за да се ублажат штетните последици од еколошката, социјалната и економската криза во светот и во Македонија.