Графити уметник ангажиран да разубави затвор во Финска

Затворот Вантаа, на периферијата на Хелсинки дозволи уличниот уметник ЕГС на ѕидовите на установата да наслика апстрактни дела во светли бои, пренесува ББЦ. Трошоците ги покрила финската Комисија за уметност.

Графитите се наоѓаат на влезот, во внатрешните простории и во дворот за рекреација на затворот.

zatvor-finska-grafiti-3

ЕГС, кој не го покажува своето лице, вели дека затворот е едно од најнеобичните места на кои сликал и сакал неговата работа да има универзално значење, затоа што половина од затворениците имаат потекло од странство.

„Сакав да направам апстрактни слики кои немаат ништо препознатливо и во кои секој може да најде некое симболично значење, рекол тој за локален весник, додавајќи дека инспирацијата ја добил од морето и островите.

Директорот на затворот, Туомо Јункари вели дека уметничкото дело поттикнува различни мисли и чувства меѓу затворениците по месеци на зјапање во сивите ѕидови. Вантаа, бил избран откако друг затвор ја одбил понудата за уметнички графити.

„Одговорив дека може веднаш да го направат тоа“, вели Јункари, додавајќи дека помеѓу 2 километри бетонски ѕидови во установата – „не е проблем да се најде место“.

zatvor-finska-grafiti-2

Еден од затворениците мисли дека новиот изглед на затворот изгледа „освежувачки“, додека друг не е сигурен како јавноста ќе реагира на тоа.

„Загрижен сум дека граѓаните ќе помислат – ох, цртаат по затворските ѕидови, најверојатно следно ќе добијат гумен замок за скокање“, смета тој.