Графити, изложби, работилници и музика од 9 до 11 ноември во Битола

Во Центарот за култура во Битола од 9 до 11 ноември (петок до недела) ќе се одржува „Сфест“, мултидимензионален уметнички проект чија цел е да ја подигне свеста на битолчани за еколошката состојба во животна средина.

Исто така, преку настаните да промовира чиста животна средина, рециклирање и апциклирање, со користење на различни медиуми како различни творечки работилници и музиката како уште еден вид на алатка за пренесување на пораката на организаторите, но и зближување на граѓаните кои ја поддржуваат.

Идејата за овај фестивал доаѓа од организациите и Сфера Македонија и GREEN, кои во рамки на „Сфест“ во просториите на НУ Центар за култура – Битола ќе организираат работилници од македонски и странски уметници, цртање на графити, изложба на фотографии и музички настапи.

Целата програма ТУКА.