Градските инспектори уловија палачи на кабли

Во текот на вечерта, дежурните екипи на Инспекторатот на Град Скопје синоќа лоцирале лица кои спалувале кабли.

„Истите се дадоа во бегство при што нивното возило беше оставено. Во координација со МВР лицата се фатени и истите се санкционирани. Нема компромис и милост во борбата за чист воздух“, се вели во објавата на Инспекторатот на Град Скопје.

Град Скопје објави и видео: