Градската депонија ги труе жителите на Дебар

Граѓаните на Дебар секој ден се трујат од чадот кој доаѓа од градската депонија, каде секојднено се горат сите видови отпадоци и пластика која во воздухот испушта опасни канцерогени честички, реагираат од Здружението Центар за одржлив развој на заедницата (CSCD) тргнувајќи од основното уставно право дека секој човек има право да живее во чиста и здрава животна средина.

Тие бараат надлежните локални и централни институции итно да преземаат мерки за заштита на здравјето на граѓаните код Дебар како што е забрана за горење на отпадот во депонијата и нејзино покривање бидејќи е изложена на атмосферските влијаниjа и е на дофат на кучињата скитници. Од здружението препорачуваат преградување на локацијата каде се фрла отпадот, но и закопување на умрените животни во посебни јами за да се спречува ширењето болести. Тие сметаат дека не смеат да се продолжат договорите за увоз на отпад од соседните општини, се додека не се создават услови за нивно адекватно третирање и препорачуваат, како и дека треба да почне селектирање пред се на пластичниот отпад, како најопасен за здравјето на луѓето при негово горење.

Од Центарот за одржлив развој на заедницата потсетуваат дека во градот нема мерни станици за квалитетот на воздухот и укажуваат на потребата од нивно поставување со цел да се информираат граѓаните за загадениот воздух.

„Апелираме кај граѓаните да бидат претпазливи и по можност да преземат заштитни мерки и да не се изложуват на загаден ваздух, особено во вечерните и утринските часови кога загадувањето е најголемо.Доколку институциите не преземат мерки и не одговарат на нашите барања, ќе се преземат дополнителни активности за организирање на граѓаните за барања на своите основни, уставно грантирани права за живеење во чиста и здрава средина, преку граѓанските форми на учество загрантирани со закон“, порачуваат активистите од Дебар.