Градови во светот во кои е најдобро да се биде студент во 2016 година

Кое е најдоброто место во светот за студентите? На светската универзитетска ранг листа на QS се претставени десетте градови во светот каде животот за студентите е најдобар, пресметано врз основа на академските стандарди, можностите за наоѓање работа и пристапноста на цените.

10. Сеул

Пространата метропола Сеул, главниот град на Јужна Кореја, можеби не изгледа како добар избор за студентски живот, но многуте можности за вработување го сместуваат овој град во првите десет.

9. Берлин

Берлин има високи оценки во однос на квалитетот на живот на студентите и пристапните цени. Овој град е и перфектна дестинација за студентите на екологија, со оглед на тоа што околу 44 посто од главниот град на Германија е покриен со паркови, реакреативни области, шуми и реки.

8. Хонг Конг

Квалитетот на живот и големата понуда на пазарот на сила го сместуваат Хонг Конг на осмата позиција на ранг листата за наредната година, но недостигот на евтино сместување може да биде товар за некои студенти.

Рестораните и шопинг центрите остануваат отворени до доцна во Хонг Конг, што е идеално за студенти со неконвенционални навики за спиење, пишува Guardian.

7. Монтреал

Сите канадски градови имаат висока оценка кога станува збор за квалитетот на живот, но најдобрата карактеристика на Монтреал се студентите. Овој град привлекува голем број на студенти од странство.

6. Сингапур

Сингапур има добри оценки според сите критериуми на ранг листата, а скромно подобрување на универзитетите во градот би можело да придонесе и за повисоко место на листата во наредните години.

5. Лондон

И покрај тоа што има највисоки оценки за „студентскиот микс“, квалитетот на живот и големиот број на врвни универзитети, скапите кирии предизвикаа пад на Лондон на листата годинава, за разлика од третото место минатата година, и второто пред две години.

4. Сиднеј

Најголемиот град во Австралија нема особено добри оценки за квалитетот на универзитетите и пристапните цени, но неговиот квалитет на живот и високите температури привлекуваат студенти од сите страни на светот.

3. Токио

Токио е оценет како екстремно посакувана дестинација за студентите, најмногу поради високите оценки за квалитетот на живот. Има одлични можности за работа, но недостигот на диверзитет кај студентската популација го смести на третото место.

2. Мелбурн

Мелбурн е перфектното место за дипломирање во Австралија. Има највисоки оценки за можности за вработување, студенти од сите страни на светот и добар квалитет на живот. Сепак, се наоѓа на второто место поради недостатокот на врвни универзитети на светско ниво.

1. Париз

Со оглед на тоа дека листата е правена пред терористичките напади на Париз во ноември, Париз се наоѓа на првото место. Осумнаесет универзитети во Париз имаат висока позиција на листите за најдобри универзитети во светот, градот има добар квалитет на живот, а има и голема понуда на работни места. Париз се наоѓа на првото место на листата трета година по ред.