Градови во Србија се откажуваат од новогодишната прослава за да ги донираат парите на болни деца

Жителите на Нови Сад собраа потписи за петицијата со која бараат од градоначалникот и локалните власти да се откажат од дочекот на Нова година на плоштад и тие пари да ги пренаменат за лекување на болни деца и возрасни.

Деновиве таква петиција кружи и на социјалните мрежи во Суботица. Со „Да бидеме хумани – Нова година за нов живот“, неколку граѓански организации, неформални групи и поединци кои ја покренаа акцијата, наведуваат дека животот на нивните сограѓани зависи од донатори и смс порака. Поради тоа, бараат да се откаже концертот на Гоца Тржан и новогодишната прослава.

„Властите во Суботица на овој начин би покажале пример и за другите локални самоуправи да го направат истото, за новогодишната ноќ да се откажат од забавата, да покажат хуманост и да им помогнат на оние кои имаат само една желба, да преживеат“.

Жителите на Суботица предлагаат локалните власти да направат посебен буџетски фонд кој би бил наменет само за потребите за лечење на болни граѓани.

„Иво Звекиќ, Александар Шешлија и други наши сограѓани кои имаат сериозна болест се принудени да чекаат медицинска терапија или да бидат оперирани во странство. Таквите операции чинат многу и никој од нив не е во можност да обезбеди средства за лечење. Пружете им поддршка. Откажете се од прославата. Отворете посебен буџетски фонд кој ќе биде наменет само за овие потреби, на кој и граѓаните ќе можат да донираат пари, а кој првенствено ќе се полни со препраспределба на буџетските пари од сите граѓани“, се вели во петицијата.

Ваква петиција се појави и во други српски градови, но официјален став од градските власти, освен во Нови Сад, се уште нема.