„Градот убав“  – отворање на галерија на урбана уметност на 17 јуни

Во рамките на проектот „Градот убав“ ќе се реализира првата отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст.

Oтворањето ќе биде на на 17 јуни 2018-та година, во 20 часот во сутеренот на ГТЦ (автобуската постојка).

Иницијатор на овој настан е архитектот и уметник Филип Конески, а организатори се Младинскиот културен центар, Град Скопје и Градски трговски центар – Скопје.

Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).