Град Скопје: Утре ќе се прска против комарци

Градот Скопје известува дека третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре (31 август).

Прскањето ќе биде во раните утрински часови.

Четвртата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци, пак, ќе почне на 3 септември (понеделник, а ќе заврши најдоцна до 7 септември (петок).

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција“, соопштуваат од Град Скопје.

Од таму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.