Град Скопје: Уништен видиковец на Водно

Непознати сторители деновиве уништиле еден видиковец на јужната страна на врвот на Водно.

Според Град Скопје, при вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е кршена и палена.

„Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот“, се вели во соопштението на Град Скопје, од каде објавија и фотографии од уништениот видиковец.