Град Скопје од понеделник ќе прска против комарци по земјен пат

Најрано од понеделник, а најдоцна до 4 септември, Градот Скопје најави дека ќе биде извршена терестична дезинсекција против комарци на подрачјето на градот.
Прскањето по земјен пат ќе се врши во периодот од 9 часот до 3 часот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Од Градот апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Град Скопје најави вонредно прскање против комарци