Град Скопје најави вонредно прскање против комарци

Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука да спроведе вонредно прскање на комарци.

„Авионската дезинсекција  на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира во среда, на 26 август и во четврток, на 27 август во раните утрински часови“, известуваат од град Скопје.

„Сезонава изгледа дека прскаа со комарци“, „29 убоди од комарци, кој сака нека честита“ -вонредното прскање против комарците доаѓа во период кога на социјалните мрежи следеа поактивни жалби од граѓаните на оваа тема.

Град Скопје апелира пчеларите навремено да ги преземат мерките за заштита на пчелите.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот терми.

 

Забелешка: Во првичната објава, текстот известуваше дека вонредното прскање против комарци ќе се одржи на 25 и 26 август, но првичните термини ба променети од Град Скопје поради неповолните временски услови.