Со почеток во 20 часот, музичката група „Еye Que“ ќе одржи едночасовен концерт кај Музејот на современа уметност.
Концертот ќе биде стриман на фејсбук страната и на официјалниот Youtube канал на Град Скопје.
Настапот е дел од проектот „Култура во време на корона“, во кој Град Скопје организира повеќе вакви настани, со цел да им помогне на музичарите кои финансиски се силно погодени од пандемијата на новиот коронавирус.
Концертот на „Еye Que“ е втор во серијата на маалски концерти, откако настапот на „Pluto’s Doubts“ беше откажан поради Велигденските празници.
Од организацијата најавија дека за наредните денови се планирани изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби, објавувајќи и целосна програма за викендов.
Христина Зафировска – 25 април, сабота од 12.00 часот (видео – визуелни уметности)
Артан Кастрати – 25 април, сабота – парк Топанско Поле од 17.00 часот
Funk Shui – 25 април, сабота – кај Млечен од 18.00 часот
Musaiq – 25 април, сабота – кај Млечен од 20.00 часот
Гоце Илиевски – 26 април, недела од 11.30 часот (видео – визуелни уметности)
Арда Мустафаоглу – 26 април,недела, Парк Шопен, Кисела Вода од 12.00 часот
Емилија Потевска Попивода – 26 април, недела Парк Шопен, Кисела Вода од 12.30 часот
Дуња Иванова – 26 април, Парк Шопен, Кисела Вода од 13.00 часот
Силви Бенд – 26 април, Парк Шопен, Кисела Вода од 14.00 часот
Pluto’s Doubts – 26 април, Аеродром, кај Стела од 18.00 часот
South Park – 26 април, Аеродром, кај Стела од 20,00 часот
Град Скопје, заедно со градските културни институции, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат ТУКА.
Со овој повик ќе се поддржат маалски изведби во времетраење до 2 часа, при што техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје, но и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца.
Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.