Град Скопје објави интерактивна мапа за достава на храна, намирници и лекови за полицискиот час

Град Скопје во соработка со GDI Skopje изработи интерактивна мапа за достава на храна, намирници и лекови за време на полицискиот час на територијата на сите скопски општини.

„На линкот, мапата ќе ви ги покаже сите дејности што ви стојат на располагање во вашата општина, и во согласност со вашите потреби може да направите онлајн или телефонска нарачка за достава. Исто така, важно е да се напомене дека оваа мапа постојано ќе се надополнува со нови информации и дејности. #СедиДома“, соопштуваат од Град Скопје. 

Од Градот велат дека мапата некому ќе му биде од голема корист додека трае изолацијата и полицискиот час.

Мапата може да ја отворите ОВДЕ.