Град Скопје: Нови пет километри велосипедски патеки 

Изградбата на модерна велосипедска инфраструктура, со цел подобрување на условите за користење на велосипедот како превозно средство е еден од најголемите приоритети на Градот, велат градските власти од Скопје.

Според нив, периодов се започнати или треба да започнат градежни работи на велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од над пет километри. Нови патеки ќе се добие булеварот „Борис Трајковски“, од крстосницата кај булевар „Крушевска република“ (Тутунски комбинат)  до поранешната фабриката „Стаклара“ во вкупна должина од 3.132 метри.

Исто така, посочуваат од Градот, на улицата „11 Октомври“ од крстосницата кај булевар „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до „Кочо Рацин“ во должина од 666 метри, потоа на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ од крстосницата со „Кузман Јосифовски Питу“ до клучката на Бит-пазар во должина од 1.142 метри, и улицата „Бутелска“ до крстосницата со улица „Душко Поповиќ“ во должина од 310 метри.

„Паралелно со овие велосипедски патеки, екипите на ЈП ‘Улици и патишта’ работат на реконструкција на велосипедските патеки на булевар „8-ми Септември“ од крстосница со булевар ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’ до крстосница со улицата ‘Скупи’“, соопштува Град Скопје.