Град Скопје ќе доделува 25 стипендии за средношколци со попреченост

Град Скопје најавува дека ќе додели 25 стипендии за ученици со попреченост од средните училишта на Град Скопје. Стипендиите ќе бидат во износ од 3.000 денари и ќе се доделуваат во текот на 9 месеци.

Огласот со критериумите ќе се објави во понеделник, 16 септември, а апликациите кои ќе пристигнат во архивата на Град Скопје ќе ги разгледува комисија.

„Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за прв пат оваа година ќе додели стипендии за овие ученици од прва до четврта година. Градот ги препознава потребите на средношколците и последниве две години ангажираше и образовни асистенти, коишто евидентно им помогнаа на учениците со попреченост во совладувањето на наставната програма“, се наведува во соопштението од Град Скопје.