Grace Jones издава мемоари со наслов „Никогаш нема да пишувам мемоари“

Пејачката, актерка и модна икона Grace Jones во септември ќе ја издаде својата книга мемоари, со оригинален наслов: „Никогаш нема да пишувам мемоари“. Насловот доаѓа од стих во нејзината песна „Art Groupie“, а таа сега вели дека „морала да ја напише книгата, инаку некој друг ќе ја напишел“.

Grace Jones во Лондон во 2014

Grace Jones во Лондон во 2014

67-годишната Jones во мемоарите ја опишува нејзината богата, ѕвездена кариера – од почетоците како манекенка, избивањето на позицијата на икона на диско музиката, работата со Andy Warhol, па се до улогите во филмови со ѕвезди како Roger Moore (во филмот за James Bond „A view To A Kill“) и Arnold Schwarzenegger (Conan the Destroyer).

Родена на Јамајка во 1948, Jones се преселила во американската држава Њујорк кога имала 13 години, а започнала да работи како манекенка на 17-годишна возраст. Откако ги освоила пистите во Париз, работејќи за Yves Saint-Lorant и живеејќи заедно со манекенката Jerry Hall (подоцна сопруга на Mick Jagger), Jones се вратила во Њујорк, каде снимила три ценети диско албуми, соработувала со Andy Warhol и станала редовен посетител на култната дискотека Studio 54.

Книгата мемоари „I’ll Never Write My Memoirs“ ќе излезе во продажба на 29 септември.