Говорот на омраза на интернет кривично ќе се гони на Нов Зеланд

Нов Зеланд го прогласи говорот на омраза на интернет како кривична навреда. Законот беше изгласан минатата недела и се очекува да стапи во сила од понеделник.

Според законската регулатива, луѓето кои на интернет користат закани, заплашуваат и користат навредлив јазик, ќе добијат парична казна или затвор. Овде влегува и малтретирање личност, како и случаи во кои се поттикнуваат други за да му се наштети на поединец.

Ова значи дека секој кој користи Facebook, Twitter, и други интернет платформи за да предизвика „сериозен емоционален стрес“ го крши законот. Паричните казни за поединци ќе изнесуваат до 45 000 австралиски долари (50 000 новозеландски долари) или затвор, додека бизнисите кои го прекршиле законот ќе бидат казнети до 180 000 австралиски долари (200 000 новозеландски долари).

Од компаниите за социјални мрежи ќе биде побарано да ги тргнат навредливите објави, а во случај корисникот да го игнорира барањето, компаниите ќе имаат право да го избршат. Дополтнително ќе се ангажира и агенција која ќе соработува со компаниите како Facebook, Twitter и Google за да се спроведат промените.