„Гоу Грин“ со две еколошки акции на „Здраво Млади“: „Не биди сељак и стави го отпадот во канта“

Тимот на „Go Green – Биди Зелен“ организира две еколошки акции за време на осмото издание на „Здраво млади“ кое почнува вечерва во Младинскиот културен центар во Скопје.

Нивната цел е фестивалот да го направат позабавен, но и почист.

„Собери 10 парчиња отпад – пластика и/или лименки, дојди на пултот на Гоу Грин од 23 часот па сè до полноќ и добиј гратис 0.5 „Златен Даб“ за освежување“, информираат од здружението.

„Не биди сељак и стави го отпадот во канта! После журка заедно собираме за да го оставиме МКЦ каков што сме го нашле. Ќе ви дадеме ракавици и ќеса, а вие дојдете да ни помогнете и бидете пример за другите“, стои во повикот.

Првата акција за чистење ќе биде во 13 часот, додека втората акција за чистење е после крајот на програмата.