Гостување на Лордан Зафрановиќ на ФДУ

Факултетот за драмски уметности организира средба со еден од најдобрите и најпровокативни режисери на овие простори Лордан Зафрановиќ.

Познат е по филмовите „Окупација во 26 слики” и „Падот на Италија” и добитник е на бројни награди.

Средбата ќе се одржи на 3 април, со почеток во 11 часот во ФДУ.

„Почнав многу рано како филмски аматер и сметав дека филмот е светост. Ако му се посветиш и ако преку него говориш за некои конкретни работи за животот околу тебе, тогаш си направил многу. Вистината и само вистината може да изнедри дела кои ќе останат да говорат на генерациите после нас. Бранејќи ја вистината го бранев човековото достоинство. И сопственото и на луѓето со кои работев. За сето тоа платив висока цена, но денес ми се чини дека тоа, да се говори вистината, беше нужно“, вели Зафрановиќ за себе.