Гостивар ја доби првата електронска училишна библиотека во Македонија

Гостивар ја доби првата електронска училишна библиотека во МакедонијаНовата библиотека во основното учулиште „Единство“ во Гостивар е првата електронска библиотека во образовна институција во Македонија. Се работи за донација од амбасадата на Република Чешка во висина од 20 илјади евра, во рамките на нивната програмата „Република Чешка, корпорација за развој“.

На денешното свечено отворањепокрај локалната власт присуствуваше и чешкиот амбасадор во Македонија, Мирослав Рамеш.

„Имаме добра соработка со Општина Гостивар. Во изминатиот период го реконструиравме училиштето во село Вруток, а работевме на проект во основното училиште ‘Кемал Ататурк’. Мене ми е драго што со мали проекти можеме да им помогнеме на децата, затоа што мислам дека работата со деца е многу важна”, вели Рамеш.

Гостивар ја доби првата електронска училишна библиотека во МакедонијаОд раководството на О.У“Единство” информираат дека пристапот на основците што посетуваат настава во училиштето ќе биде целосно спроведен по електронски пат.

„Учениците ќе имаат можност по електронски пат за првпат во Македонија да имаат пристап до училишните книги и лектири. Новата библиотека ги има истите стандарди како во европските училишта. Направена е целосна реконструкција и поставен е електронски систем на библиотеката”,истакна директорот на “Единство”, Мерсел Садику.

Проектот „Прочитај ја иднината“ е реализиран е во соработка на Европскиот центар за развој и толеранција со Општина Гостивар,а реконструкцијата на библиотеката е извршена во периодот мај-октомври 2013.

Г.М.