Господар на студентите

stud lidr 585 cover img

Дали навистина студентите имаат потреба од господар и владетел на студентите, и до каде  со овој неорганизиран пристап и  ефтини студентски приказни?!

Студентскиот парламент (СПУКМ) создаден за студентите со цел за нивна подобра, корисна и проспиритетна иднина иако најавуваат се поголеми залагања и вклученост на студентите преку различните видови на академски соработки, навидум подршки,  активни учества и подршка за (или преку) истражувања, искуства и промовирања на културолошки опсег и здрава култура на живеење  се тешко достапни за студентите.

Оваа мала студентска ефтина и во празна состојба , а приказна која стои постојано до секој студент а притоа никој се нема дрснато да ја актуелизира иако е една од попостојаните теми кон која е насочен револтот на студентите, револт за добар и постојан здраворазумен тек.

Како што сите знаеме судентите имаат свој парламент СПУКМ чиј претседател се избира нормално на избори, но малку чудни се видоа правилата на игра за оние што би сакале да се кандидираат. СПУКМ на својата веб – страница објави конкурс според кој кандидатот треба да исполни некој од следните услови:  Кандидатот да добие поддршка од минимум 5 матични парламенти, 1/3 од вкупниот број на пратеници на СПУКМ, или 3000 потписи од студентите на УКИМ. Притоа, даден му е рок од само 8 дена за собирање 3000 потписи, со предуслов времето и местото да го определи претставник од изборната комисија, што е физички невозможно! Овие правила како намерно да го саботираат или прават недостапен секој обид на независен студент да стигне до местото на претседател, по се` изгледа дека ова тело како единствен студентски претставник е отворено само за неговите членови.

Друг проблем претставува и тоа доколку би гласале само тројца, изборите сепак би се сметале за валидни и избраникот би ги застапувал интересите на сите 50 000 студенти активни годинава. Според  некои пресметки, СПУКМ добива 7 500 000 денари само од ИКСА која ја уплаќаат задожително сите студенти. Пресметката е базирана на информацијата дека 150 денари од овие средства се наменети за СПУКМ. Ако ја разгледаме програмата објавена на нивниот веб сајт, како нивни цели се спомнуваат: редовно известување за работата и активностите на студентскиот парламент, зголемено учество на студентите во органите на управување, организирање трибини и дебати за постоечките проблеми во високообразовниот процес, воспоставување на културни студентски денови, воспоставување на нова манифестација – Културно студентско лето и ред други фини работи.

Но студентите, барем досега, никогаш не добиле шанса да се запознаат со своите легитимни претставници на кои би требало да се претстават и да ја понудат својата отвореност за соработка, ниту виделе покана за дебата, ниту се запознале со некакви информатички, културни или спортски активности. Општата политика на СПУКМ, а со тоа и на новите кандидати, е промоција на ЕКТ системот. Овој систем досега се покажа како нефункционален за нашите факултети, тргнувајќи од фактот дека тој различно се имплементира насекаде, па се до тоа дека со неговото воведување, знаењето се претвори во роба, а образованието во бизнис.

Наспроти проткаената измислица, наметнато секуларистичко диво постоење, фантазија на господарање, господарање со човечкиот ум , модернистички и постмодернистички инспирации за создавање нов свет, нов поредок постои една вистинска димензија на вечно владеење и  постоење, постоење на вистинското добро, центарот на здрави форми и норми, потикнување и почитување, добро за идна и сегашна младина, инспириција и темелење во големината и добрината на здраворазумно постоење и создавање.

Ние малкумината, верувањата, правецот и надежта ги проноаѓаме во добро организиран систем, подршка за студентите, академски кадри за функционализам на добрина, мудрост, помагање и почитување. Духовно трајните походи за здраворазумност се наоѓат во верувањата во добрина над добрината, мудрост над мудроста  и духовен успех над успехот. Затоа дозволете ни да стигнеме до местата каде сите ке можат да не слушнат подобро дозволете да успееме да ги симнеме самобендисаните лидери и успееме во нашите цели и идеи.

Орхан Идриз