Гораст и GG бараат поддршка oд заедницата за да го оживеат гејмингот во Македонија

GG, највениот видео подкаст за гејмери направен од гејмери, стартува краудфандинг кампања со која се надева дека ќе собере доволно пари за опрема, и конечно да стартува нудејќи им вистинска гејминг емисија на заедницата, каква што одамна немало во Македонија.

Гораст и GG бараат поддршка oд заедницата за да го оживеат гејмингот во Македонија

Како што објави It.com, идејата е да се креира видео подкаст кој малку попрофесионално ќе се обработат сите нови видеоигри и последните случувања од гејминг турнирите.  GG беше поздравен од заедницата и ентузијастите како проект кој ќе ја промовира гејминг сцената во Македонија веднаш штом беше најавена во август минатата година.

Но, сега идејата за видео подкастот се наоѓа пред вистински испит, a Гораст Цветковски, актер, гејмер и основач на GG, бара добиената поддршка да се материјализира преку краудфандинг кампања на македонскиот LetsFundIt.mk локална краудфандинг платформа преку која корисниците можат да вложуваат пари во локални стартапи во кои веруваат.

Студио имаме, вели Гораст, но сега се бара од заедницата да вложи пари во потребниот хардвер и компјутери со кои ќе можат да прават рецензии и да се тестираат игрите. За кампањата да биде успешна, GG и Гораст треба да соберат 180.000 денари во следниве 60 дена.

Извор:  It.com.mk