Горан Таневски утре ќе одржи концерт „Мизар – Друго откровение“  

По 10-годишна пауза, легендарниот вокал од групата „Мизар“, Горан Таневски утре (22 ноември) од 20 часот се враќа на сцената со концерт во „Колектив“.

„Горан Таневски МИЗАР – ДРУГО Откровение, е проект и концертна причина за на 22 ноември сплотеноста да ја претвориме во музика“, се вели во најавата за концертот.

По концертот, Таневски во март ќе издаде албумот „Асценд“ во март 2019, потоа „Море“ кон крајот на истата година и приказната завршува со албумот „Среќен сум дури и без себе“, кој е планирано да биде промовиран кон средината на 2020 година.