Горан Таневски (екс Мизар) со нов проект

Горан Таневски (екс Мизар) со нов проектПоранешниот вокал на македонската култна група, Мизар, Горан Таневски започна со објавување на завршните верзии на песните кои наскоро треба да бидат објавени онлајн.

Во разговор со Балканрок, Горан објаснува дека сите песни кои ги работи ќе бидат прилагодени за концертно изведување во вид на кабаре. На крајот на март ќе се собере екипа која размислува за концертна промоција.

Покрај Таневски, во проектот учествуваат и младиот гитарист Благој Цилаков, пратечкиот вокал Сандра Јорданова, вокалот Јана Стојановска како и Марија Каева, Соња Исмаил и други.

Дел од песните од овој проект може да ги слушнете овде како и на сајтот на Балканрок.