GoPro почна да соработува со апликацијата Periscope наменета за видео пренос (стриминг) , која на пазарот постои веќе десет месеци. Тоа значи дека отсега корисниците на Periscope кои имаат GoPro Hero4 камера можат во живо да ги пренесуваат своите авантури.
Се очекува најчесто да се користи при спорт, со тоа што може директно да се објави на Twitter видео долго најмногу 720 секунди. Исто така, GoPro камерата досега се користеше за фотографии и снимки со дрон од протести и импресивни пејзажи.
Ова за Twitter претставува моќен потег со оглед на тоа дека во последниот период се бори да привлече нови корисници и да ги задржи останатите. Оваа соработка, им овозможува на корисниците да објават видео без да користат филтер, во било кој агол, а Periscope ќе може да се користи и надвор од паметните телефони.
GoPro веќе склучи соработки и со други апликации за стриминг. Но, Periscope има предност бидејќи е во сопственост на Twitter, така што дава директен пристап до 320 милиони корисници на социјалната мрежа месечно. Засега, ова може да го користат само корисници со оперативен систем iOS.